УНИЦЕФ тврди дека 28 производители на лекови колективно ќе произведат невидени количини вакцини за КОВИД-19

- Advertisement -

Досега невидени количини на вакцини може да бидат произведени од 28 компании за лекови во 10 земји во текот на наредните две години со цел да се спречи ширењето на пандемијата на КОВИД-19, велат од УНИЦЕФ и додаваат дека ќе помогнат во набавката и дистрибуцијата на вакцините.

Улогата на УНИЦЕФ во планот за распределба на вакцините против КОВИД-19, кој е познат како COVAX и е направен во соработка со Светската здравствена организација, е да купуваат и да обезбедат еднаков пристап до вакцините. Досега 76 богати нации од светот се приклучија на COVAX.

- Advertisement -

Од УНИЦЕФ велат дека 28 производители на вакцини ги откриле своите годишни планови за производство на вакцини против КОВИД-19 до 2023 година. Според проценката на УНИЦЕФ, производителите се спремни колективно да произведат досега невидени количини вакцини во текот на наредните 1-2 години.

Но, производителите на лекови велат дека овие проекции зависат од, меѓу другото, дали клиничките тестирања ќе бидат успешни, дали ќе се склучат однапред договори за купување на вакцините, дали ќе се потврдат средствата за финансирање и дали ќе се задоволат регулативите.

- Advertisement -

Безбедните и ефективни вакцини се неопходни за ставање крај на пандемијата, од која досега починаа околу 900.000 луѓе во светот.

(Reuters)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -