Се продава преубав приморски град напуштен пред 70 години

- Advertisement -

Преубав град во Асвтралија на самиот брег, кој е напуштен пред 70 години, сега е понуден на продажба. Станува збор за оддалечен град по име Косак на западот на Австралија, каде што луѓето живееле и работеле во индустријата за бисери, но со тек на време населението го напуштало градот и се иселувало во големите градови.

Индустријата за собирање бисери довела до основање на градот во 1880-тите години, а во 1895 година имал повеќе од 1.000 работници и 57 бродови за лов на бисери. Сепак, градот бил напуштен пред 70 години и сега има само двајца жители – Рис Остелрунд и неговата партнерка Шенон Ервин, кои имаат кафуле. Гости им се луѓето кои ги посетуваат околните планинарски патеки и плажите,како и луѓето кои доаѓаат за јавање коњи.

- Advertisement -

Градот е во сопственост на владата, но е понуден на продажба. Цената не е фиксна, затоа што владата сака да го понуди некому кој е спремен за развој на туризмот. Рокот за пријавување е 20 ноември.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Twitter screenshot)

Сподели!
- Advertisement -