На големо задoволство на корисниците, Македонски телеком ова лето ја воведе услугата MAXTV ПРЕКУ ANDROID TV BOX, која е уникатна по повеќе нешта. „Иновативност“ анализира зошто оваа услуга е иновативна и потребна на македонскиот пазар.
Летово кое полека изминува е особено специфично поради неможноста за патување надвор од земјата како и по големата раздвиженост во домашните туристички центри, планини, села и езера. Потребата секаде да се биде конектиран и блиску до саканите содржини сега може да се задоволи со новитетот од Телеком.
Што конкретно значи тоа? Како функционира новата услуга?
MaxTV услугата отсега е достапна и преку MaxTV апликација која се инсталира Android TV box уред кој корисникот го набавува од Македонски Телеком. Овој уред се поврзува со ТВ приемник (кој не мора да биде Smart) со HDMI кабел, а на интернет преку Wi-Fi или мрежен кабел. MaxTV апликакцијата се инсталира автоматски на уредот, веднаш штом тој ќе се поврзе на интернет. Со отворање на апликацијата можат непречено да се следат содржините на MaxTV. Апликацијата го користи вклучениот интернет во претплатата, како и секоја друга апликација инсталирана на Android TV box уредот.
Од каде дојде идејата за воведување на оваа услуга?
Android TV box уредите и нивниот кориснички интерфејс претставуваат одлична можност она што корисникот го прави преку интернет на смартфон, лаптоп или десктоп компјутер, да го прави и на телевизор.
Поради оваа одлична можност, Македонски телеком реши во тоа корисничко искуство да ја вгради MaxTV услугата. Така сега преку Android TV уредот корисникот може на својот телевизор да гледа MaxTV, da bide na Youtube, да гледа филмови, да слуша музика или да инсталира апликации на уредот кои досега биле достапни на смартфон. Сето тоа е овозможено преку еден интерфејс кој се раководи со далечински управувач.
Oвој мал, практичен уред помага да го збогатите времето за релаксација и уживање на локации надвор од домот, каде што не беше возможно досега. Одморот или викендите со семејството и пријателите сега може да бидат збогатени со 80 канали од најразлични категории (национални, спортски, филмски, документарни, музички, регионални, лајфстајл).
Какви содржини нуди MAXTV ANDROID TV?
На MAXTV ANDROID TV се достапни: Sport Klub 1, 2, 3, 4, 5, 6 и Arena 1, 2, 3, 4, 5, potoa 18 HD канали (сите национални и спортски канали што имаат HD верзии), постер дизајн на менијата, програмски водич, ТВ-тека и преглед по категории со преглед на содржините од последните 3 дена на 10 канали, можност за пауза, премотување напред и назад на 10 канали, видеотека со бесплатни содржини и ожност за избор на јазик на апликацијата: македонски, албански или англиски.
Кои се клучните предности на оваа апликација?
Mожноста за уживање во MaxTV и на локации на кои тоа не беше возможно досега се смета за главна предност на оваа услуга. Таа всушност овозможува да имате пристап до телевизија во вашите викенд куќи или на други локации надвор од домот, а е одлична алтернатива за корисниците на Internet или Magenta 1 кои немаат активирано телевизија. Новиот уред помага следење на MaxTV содржините на нов, модерен интерфејс, а со Android TV box уредот секој ТВ приемник практично станува Smart TV.
Teхнички карактеристики на Android TV box уредот
- Модел: KAON KSTB6077
- Кориснички интерфејс: Google интерфејс со MaxTV и HBO GO апликациите на првите две места во редот со омилени апликации
- Отворен Android систем: логирајте се со корисничко име и лозинка од својата Google сметка и инсталирајте и други Android апликации од Google Store
- Bluetooth далечински управувач што не мора да е насочен кон уредот
- Верзија на Android оперативен систем: OS Android TV 8.0 – Oreo
- Google асистент: гласовна контрола преку далечинскиот управувач
- Вградена Chromecast функција
- Вграден DVB-T2 нагодувач
- Поврзување на интернет преку WiFi 802.11ac 2×2 dual band, или мрежен кабел
- UHD 4K 60fps видео процесирање