Во Копенхаген отворен музеј на среќата

- Advertisement -

Музеј на среќата се отвори во Копенхаген. Музејот се занимава со темата среќа, вистински и лажни насмевки и други филозофски прашања, а целта е да покаже дека среќата се појавува и се прикажува во разни аспекти од нашите животи.

Среќата една од најубавите емоции, но секој ја доживува на поинаков начин, а има и такви кои сметаат дека вистинската среќа не е можно да се достигне. Lonely Planet пишува дека Музејот на среќата е отворен во подрумот на зграда од 18 век, која се наоѓа во стариот дел од градот, а проектот е дело на Меик Викинг, автор на неколку меѓународни бестселери кои се занимаваат со поимот среќа.

- Advertisement -

Целта на музејот е да покаже дека среќата се појавува во сите аспекти во животот, а тоа е постигнато преку осум простории кои се занимаваат со темата од различни агли. Идејата е среќата да се отелотвори и посетителите да ги потсети на важноста на разни работи во животот и настани кои ги усреќуваат. Тоа се битни мотиватори кои прават луѓето да се чувствуваат добро.

Со оглед на тоа дека музејот е интерактивен, посетителите можат да учествуваат во експериментална светлосна терапија. Среде подот во една просторија се наоѓа полн паричник кој ги симболизира сите ситуации која некој изгубил паричник по некоја улица, но потоа некој го нашол и му го вратил. Постои и дел со мапа на среќата кој покажува ниво на среќа во 153 земји во светот, на кој Данска се наоѓа на второ место. Често високиот ранг на оваа листа воедно е и причината зошто Викинг сметал дека Данска е идеално место за ваков музеј.

- Advertisement -

Музејот има и делови посветени на науката за среќата, на историјата на среќата, а се занимава и со анализа и предвидувања за во иднина. Една од наинтересните области во музејот се занимава со насмевките и во тој дел посетителите можат да научат која страна на лицето на прочуената Мона Лиза се смее.

Освен интерактивноста, музејот има уште еден интересен детаљ – тој прикажува многу предмети кои ги подариле луѓето затоа што ги потсетуваат на среќни моменти од животот.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pxhere )

Сподели!
- Advertisement -