Улиците на Хјустон, Тексас, ќе ги чуваат роботи полицајци

- Advertisement -

Во главниот град на американската сојузна држава Тексас, Хјустон, сакаат да ја зголемат безбедноста, но не сакаат да трошат полициски ресурси за вработување нови полицајци, па се одлучија нив да ги заменат со роботи.

Роботите, софтверот и автоматизацијата ќе ги заменат луѓето на многу работни позиции – од фабриките до канцелариски монотони задачи, во доставата, па дури и обезбедувањето и полицијата. Во некои места како Дубаи тоа веќе се случува, па наместо луѓе, по трговските центри, паркинзите и парковите сега патролираат роботи.

- Advertisement -

Ефикасноста на роботите полицајци сега ќе ја провери и Хјустон, каде што стартува пилот проект со роботите Knightscope. Тие роботи во текот на една година ќе патролираат на неколку места во градот. Ако тестирањето се покаже успешно, во иднина полициските роботи ќе патролираат на повеќе места.

Во парковите и на паркинзите ќе се користи моделот K5, кој ќе се движи со брзина од околу 5 км/ч, додека на железничките станици ќе биде поставен стационарен робот за да не се сопнува на пругите, односно за никој да не може да го фрли на пругите и да го попречи сообраќајот.

- Advertisement -

Роботите ќе имаат камери со кои полицијата ќе може да ја следи ситуацијата, а ќе можат и да комуницираат со луѓето. Сепак, сите жители на градот не се сложуваат со оваа мерка и сметаат дека роботите ја нарушуваат приватноста на луѓето затоа што постојано ги снимаат.

Сподели!
- Advertisement -