Од втората половина на август McDonald’s во Србија во одредени ресторани ширум земјата воведе нова услуга за своите гости – Walk Thru, што значи дека храната можете да ја порачате на посебен прозорец наменет за услугата, без влегување во самиот ресторан. Услугата Walk Thru сите гости можат да ја користат во рестораните во периодот од 21 do 01 часот, со исклучок на рестораните кои работат до полноќ.
„Пандемијата на КОВИД-19, која и понатаму е пристуна, не наведе да почнеме да размислуваме за дополнителни услуги кои можеме да им ги понудиме на нашите гости и поради тоа го воведовме Walk Thru, како еден вид на пандан на Drive Thru, за нашите гости кои немаат автомобил, а сакаат да порачаат храна во вечерните часови, да ја имаат истата можност. Првите впечатоци на нашите гости се позитивни. Ќе продолжиме да создаваме нови поволности за нашите клиенти и во месеците што претстојат“, вели Десанка Ландауер, директор на маркетинг во McDonald’s во Србија.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)