Облакодер висок 390 метри, чиј дизајн е инспириран од разгорен факел, ќе стане највисока зграда во Јапонија. Облакодерот ќе се наоѓа над плоштад засаден со билки во Токио, а ќе поседува и простор за набљудување на околината и погледот на главниот град на Јапонија и Моунт Фуџи.
Проектот првобитно е најавен во 2016 година, а компанијата Mitsubishi Estate претходно месецов откри дека облакодерот ќе се вика Torch Tower. Оваа структура е дел од поширок план за урбан развој на површината од 31.400 квадратни метри.
Најголем дел од 63 ката на облакодерот ќе бидат наменети за деловни простории, но ќе им и продавници и ресторани, како и голема сала со 2.000 места за седење. Горниот дел од облакодерот ќе се користи како простор за разгледување на околината.
Облакодерот ќе ги задоволува највисоките стандарди за отпорност на земјотреси, но ќе понуди и простор кој ќе се користи како засолниште во случај на природни катастрофи. Проектот веќе е започнат недалеку од главната железничка станица во Токио.
Изградбата на 212 метри високата кула Ковабаши на истата локација ќе биде завршена идната година. Моментално највисока зградба во Јапонија е Албено Харукас во Осака, со висина од 300 метри. Титулата највисока зграда во 2023 година накратко ќе ја преземе кула висока 330 метри, која исто така се гради во Токио.
(CNN)
(фото: Screenshot Tokyo Torch, Mitsubishi Estate)