Нашето размислување за постарите луѓе и нивните способности прилично е застарено и денешните 70 и 80-годишници физички и когнитивно се пред своите врсници кои живееле пред 30-ина години, покажа истражување спроведено во Финска. Во текот на последните децении постигнат е голем напредок во исхраната, хигиената, работните услови и образованието, што позитивно влијаело на стареењето, нагласи коавторот на студијата Мети Мунка.
Во истражувањето се користени резултати на тестови кои Финците на возраст од 75 и 80 години ги правеле пред 30 години и резултати од луѓе на иста возраст кои биле тестирани во 2017 и во 2018 година. Разликите во физичките и когнитивните способности на тие две генерации се значителни. Новите генерации стари луѓе одат брзо, имаат 5%-25% посилен стисок на раката, поздрави колена 20%-47%, подобра вербална способност, подобро расудување и работна меморија.
Научниците кои учествувале во истражувањето велат дека тие резултати јасно покажуваат дека модерната група се движи и размислува подобро, а имаат и објаснување зошто е тоа така.
Подобрите перформанси се врзани или за побавното стареење или со подобра едукација во средните години, која доведува до зголемување на когнитивните способности и резултира со побавен и подоцнежен пад на тие способности. Научниците посебно укажуваат на врската меѓу подолгото образование и подобрите когнитивни способности.
Мунка смета дека резултатите покажуваат дека кај новите генерации се продолжени средните години од животот и дека на некој начин е одложена длабоката старост.
(Fast Company)
(фото: Pxfuel)