Универзитетите во Кина повторно се отвораат – препознавање на лице и закажување на време за бањање се дел од новите правила

- Advertisement -


Како што се намалува бројот на заболени со КОВИД-19 во Кина, најголемата популација на студенти во светот се враќа во кампусите после повеќемесечни карантини.

Ова враќање во клупите се случува после одлуката на универзитетите да се вратат на предавање во живо. Некои универзитети имаат строги правила за тоа како студентите ќе јадат, ќе се бањаат и како ќе патуваат. Студентите во Пекинг, Нанџинг и во Шангај за Reuters изјавија дека мора да поднесат детални извештаи за нивното движење на кампусите.

- Advertisement -

„Уште не го знаеме целосниот процес на аплицирање и што ќе се смета за дозволено“ велат студентите од Универзитетот Ренмин во Пекинг. Од Универзитетот не ги коментираат наводите, но на профилите на Универзитетот на социјалните медиуми осамнаа објави дека студентите мора да поднесат барање за да го напуштат кампусот.

Истовремено, владините податоци покажуваат дека десетици кинески универзитети набавиле системи за надзор базирани на препознавање лице, следење контакти и проверки на температурата. Во Кина има над 20 милиони студенти, а повеќе од нив живеат во кампуси во заеднички спални соби.

- Advertisement -

Од кинеското Министерство за здравство велат дека превентивните мерки не биле задолжителни за универзитетите, но студентите не мора да ги напуштаат кампусите освен ако навистина е неопходно.

Многу од системите за надзор се составени од десетици камери кои собираат податоци за препознавање лице и телесна температура, а има и системи за известување кои од студентите бараат да внесуваат информации повеќе пати во текот на денот.

- Advertisement -

Еден систем на Универзитетот за науки и технологија Лиаонинг чини повеќе од 62.000 долари и користи врвни камери за мерење на температурата кои можат да забележат луѓе без маски. Платформата составува дневен извештај за температури и ги чува податоците 30 дена.

Универзитетот во провинцијата Џиангчи потроши 23.000 долари на систем кој го следи движењето на студентите и ги чува податоците преку податоци од нивните студентски идентификации и технологија за препознавање лице. Системот, пак, во Универзитетот Тианџин собира податоци за семејствата на студентите, адресите на местата кои ги посетуваат надвор од кампусот и како патуваат до универзитетот.
Исто така, може да испраќа потсетници до студентите и до професорите, а тие кои нема да одговорат ќе бидат пријавени кај вработените во Универзитетот.

Новите правила ќе ги сменат и некои од најсекојдневните активности. Студентите на Универзитетот Нанџинг ќе мора да закажуваат време за туширање помеѓу периодите на дезинфекција.

(Reuters)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -