Apple претстави четири нови модели на iPhone, сите со поддршка за 5G

- Advertisement -


На виртуелна конференција Apple претстави четири нови модели на iPhone со екрано од 5,4 до 6,7 инчи и цени од 699 до над 1.000 долари. Иако живееме во време на пандемија и на глобална економска криза, после претставувањето на телефоните, од Apple со голем оптимизам ја очекуваат продажбата на смартфони.

Додека на почетокот Apple претставуваше по само еден телефон, сега има дури три модели на iPhone повеќе – iPhone 12 и 12 mini и iPhone Pro и Pro Max. Она што е заедничко за сите модели е тоа што го имаат најновиот хардвер на Apple (чипсет A14 Bionic), ОЛЕД екрани и поддршка за 5G. Посебен акцент Apple става на 5G, односно големата брзина и малата латенција што овозможува новата мрежа. Интересно е тоа што доаѓаат со посебен начин на работа Ѕmart data mode, кој заради штедење на батеријата комбинира користење на 4G и 5G и се користи само кога тоа е потребно заради апликациите.

- Advertisement -

Иако ниеден модел не е евтин, почетната цена за новите iPhone е 699 долари, што за многумина е доста прифатливо. За таа цена е достапен iPhone mini, што е прв пат Apple во своите уреди да го употреби називот mini. Телефонот има екран од 5,4 инчи, а достапен е со 64, 128 и 256 GB простор за складирање. Го има најбриот процесор во светот, A14 Bionic, има одлична графика и две камери со резолуција од 12MP. Има и керамички штит, односно дополнителна заштита поради која екранот е многу поиздржлив.

Разликата меѓу mini и обичниот iPhone 12 е во големината на екранот (моделот 12 има 6,1 инчи) и во цената затоа што „дванаесетката“ е 100 долар поскапа. Иста дијагонала на екранот има и iPhone 12 Pro. Ќе биде достапен во верзии со 128, 256 и 512GB меморија, а почетната цена ќе изнесува 999 долари. Во однос на обичната „дванаесетка“, моделите 12 Pro и Pro Max (кој има дијагонала од 6,7 инчи) имаат три задни камери со резолуција по 12MP). Исто така имаат и LiDAR кој се наоѓа покрај камерите и мери колку долго треба да за светлината да дојде до објектот и наза, така што iPhone го разбира светот околу себе, овозможува скенирање на просторот и користење на AR објекти.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -