Леталото на НАСА вечерва ќе собира примероци од астероид

- Advertisement -

Вселенското летало на НАСА ќе се обиде да ја собере првата колекција примероци од еден астероид.

Вселенското летало Osiris-Rex , што е скратено од Origins, Spectral Interpretation, Identification of Resource, Security-Regolith Explorer, треба да собере примероци од астероидот Бену и да ги донесе на Земјата за понатамошни истражувања.

- Advertisement -

Бенну е оддалечен 290 милиони километри од Земјата и може опасно да се приближи до нашата планета во следниот век, иако шансите за судир се мали.

Озирис-Рекс, кој бил лансиран во 2016 година и е со големина на поголемо комбе, на неколку метри ќе се обиде да се приближи до астероидот, а потоа со помош на роботска рака наречена Tagsam (Touch-And-Go Sample Acquisition Mechanism) ќе собере примероци.

- Advertisement -

Тагсам ќе го допира астероидот пет секунди, исфрлајќи азот под притисок за да ја размрда неговата површина и ќе исцица примероци со тежина од 60 до 2000 грама пред да се повлече. Директен пренос на пристапот на леталото до астероидот може да се следи на веб-страницата на НАСА и ќе започне во 21:00 часот по Гринич или во 23:00 часот по наше локално време.

Заради далечината, на комуникациите и наредбите им требаат околу 16 минути за да стигнат до Озирис-Рекс. Вселенското летало со примероци од Бенну до Земјата се очекува да се врати во септември 2023 година.

- Advertisement -

НАСА се надева дека мисијата вредна милијарди долари ќе ја открие тајната за потеклото на нашиот Сончев систем, како и изворот на вода и органски молекули пронајдени на Земјата.

Сподели!
- Advertisement -