Amazon ќе вработи 100.000 работници пред празниците

- Advertisement -

Мултинационалната компанијата за онлајн трговија Amazon објави дека пред божиќните празници ќе вработи дополнителни 100.000 луѓе. Нововработените ќе помогнат во исполнувањето на потребите во претстојната сезона на празничен шопинг, што е половина од вкупниот минатогодишен број откако компанијата драматично го зголеми бројот на вработени во текот на пандемијата, пишува Bloomberg.

Amazon ширум светот имал повеќе од 875.000 вработени на крајот на јуни годинава, а кон крајот на јули, при објавувањето на резултатите, таа компанија од Сиетл наведе дека после март годинава отворила повеќе од 175.000 нови работни места, од кои 125.000 ќе бидат постојани.

- Advertisement -

На средината на септември, пак, само во САД и Канада се додадени уште 100.000 работни места, главно во складишта, на подготовка на пакети и нивно испраќање. Во август Amazon одлучи да вработи и 3.500 инженери, информатичари и административен персонал во САД.

Состојбата во Amazon е спротивна на бројните компании кои се тешко погодени од кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот – мултинационалните компании како Disney, American Airlines и United Airlines поделија околу 60.000 откази.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -