Huawei инвестира милион евра во студентски развоен проект

- Advertisement -

Huawei објави дека во текот на наредните три години ќе инвестира 1 милион евра во студентски развоен проект, односно разни програми за поттикнување, кои се направени во партнерство со повеќе од 100 универзитети ширум Европа за да им помогне на што поголем број млади да создаваат апликации од иднината.

Како што истакнуваат, целта на проектот е да им се помогне на студентите ширум Европа меѓусебно да се поврзат, да ги истражат отворените можности на мобилните услуги на Huawei и да научат како да користат HMS Core SDK за креирање модерни апликации и машинско учење.

- Advertisement -

За да се регистрираат на програмата Huawei Student Developers студентите може да се пријават на веб-страницата Huawei Developer или да се приклучат преку програмата Huawei ICT академија на избрани универзитети.

Дополнително, со вклучувањето во програмата студентите добиваат пристап до менторски предавања на повеќе од 150 инженери на Huawei во Европа. Пограмата за студенти вклучува и бесплатен пристап за студентите во над 30 девелоперски натпревари и 100 виртуелни Codelab програми.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Huawei screenshot)

Сподели!
- Advertisement -