Широко распространетиот лек Аспирин кој се користи и за спречување тромбоза, ќе се тестира како можен лек против Ковид-19, во едно од најголемите испитувања во Велика Британија, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Кај пациентите заразени со коронавирусот е зголемен ризикот од згрутчување на крвта поради зголемени тромбоцити. Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта.
„Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа и безбеден, евтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, коавтор на студијата.
Најмалку 2.000 случајно избрани апциенти треба да примаат 150 мг дневно Аспирин со вообичаен режим на лекување. Податоците за закрепнувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ќе добијат друга стандардна терапија за Ковид-19.
Другите терапии кои се тестираат вклучуваат обичен антибиотик азитромицин и коктел со антитела на компанијата „Регенерон“ кој се користи за лекување на симптоми на Ковид-19.