Go Easy креираше софтверско менаџирање на донаторски проекти без потреба од дополнителни обуки за вработените!

- Advertisement -

GoEasy.eu e централизиран cloud софтвер составен од неколку алатки и модули, за менаџирање со фактури,трошоци, магацини, финансии, договори за јавни набавки и проекти наменет за приватен и јавен сектор. Станува збор за продукт зад кој стои млад македонски креативен тим, кој постојано работи на подобрување и усовршување на функционалностите, како и постојано прилагодување на потребите на клиентите. Со Елена Ризова, проект менаџер на eProekti.mk разговаравме за производот кој го олеснува следењето, менаџирањето и контролирањето на текот на проектите, особено оние кои доаѓаат од надворешни донатори.

Разговараше – Верица Јорданова

Елена, вие сте продукт менаџер на софтверот eproekti.mk кој е најнов продукт на стартап компанијата Гоу Изи ДОО. Може ли да ни кажете нешто повеќе за вашиот професионален background и за работата на Гоу Изи?

- Advertisement -

Со тимот на компанијата Гоу Изи имам долгогодишна соработка за истражување, анализа и локализација на нивните софтвери за странски пазар, бидејќи по професија сум дипломиран преведувач по италијански и англиски јазик. Покрај тоа, веќе 10 години работам како проектен координатор и консултант на европски и национални проекти во соработка со македонски и странски организации.

Врз основа на моето значително искуство со проектно менаџирање и остварените контакти со странство, започна приказната за eproekti.mk и од неодамна станав дел од тимот на Гоу Изи како продукт менаџер за eproekti.mk.

- Advertisement -

Гоу Изи ДОО (https://goeasy.eu) е старт-ап IT компанија која на пазарот нуди SaaS cloud решенија кои им овозможуваат дигитална трансформација на компаниите и организациите, автоматизација на работните процеси и непрекината работа на далечина. Во Гоу Изи сите имаме долгогодишно искуство во различни области (IT, трговија, маркетинг, финансиски и правен менаџмент, проектен менаџмент) и при развојот на секој нов производ поaѓаме од реалните потреби на корисниците.

Токму таквиот пристап ни овозможува да креираме и понудиме дигитални решенија кои се едноставни за користење и од корисници со послаби дигитални вештини. Нашата цел е на компаниите и организациите да им понудиме интегриран пакет зависно нивните реални потреби, користењето да е едноставно и лесно без вложување во дополнителна инфраструктура, ресурси и обуки.

- Advertisement -

Во што се состои клучната понуда и предностите на eproekti.mk и какви решенија нуди?

eProekti.mk е Cloud софтвер за онлајн менаџирање со проектните активности и буџет на проекти финансирани од грантови програми (пр. Европска Унија, USAID, ФИТР, IME, Civika и сл.). Може да се користи преку кој било пребарувач (Chrome, Opera, Firefox и сл.) на компјутер или мобилен уред со интернет конекција.

За разлика од другите алатки за проектен менаџмент, eproekti.mk овозможува едноставно и прецизно реализирање и контрола на проектните активности и задачи, дигитализација на проектна документација, но и управување и распределба на буџетот, евиденција на трошоци и нивно поврзување со соодветна документација.

Периодичните и финалните извештаи може целосно да се персонализираат и креираат според специфичните теркови на конкретниот донатор со што се избегнува двојната евиденција на трошоците и пропратната документација.

За корисниците на ФИТР е достапна посебна верзија целосно приспособена за работа со проекти поддржани од ФИТР при што кварталните и финалниот извештај, заедно со пропратната документација, се генерираат и експортираат според утврдените теркови на ФИТР.

Сметам дека е важно да нагласам дека со користење на eproekti.mk се овозможува заедничка работа на проектниот тим и партнери на далечина преку контролирано споделување на проектот и проектната документација.

Од каде инспирацијата да се креира вакво решение и какви се резултатите/задоволството од неговото досегашно користење?

еProekti.mk настана како спој на моето повеќегодишно искуство во невладиниот сектор како проектен координатор и консултант и креативноста на тимот на Гоу Изи да креира ИТ решенија кои се професионални и едноставни за користење, и од луѓе кои немаат повисоко ниво на дигитални вештини.

Работата на проекти ми овозможи контакт со голем број на граѓански организации, но и лица одговорни за проектно менаџирање во приватни и јавни организации. При заедничката работа и комуникација согледав многу голема потреба за дигитална трансформација на работењето на проекти поддржани од домашни и странски донатори.

Многу ретко организациите кои работат на грантови проекти користат софтвери за проектен менаџмент што честопати предизвикува доцнење во спроведувањето на проектните активности и финансиски загуби заради немање реален и постојан увид во спроведените трошоци согласно буџетираниот износ.

Дури и организациите кои користат некаква алатка за проектен менаџмент се соочуваат со проблеми заради нивната пресложеност за работа или несоодветна приспособеност за работа на грантови проекти што уште повеќе може да ја отежне и комплицира работата на проекти.

Целта со креирањето на eproekti.mk беше да се понуди специјализирана алатка за поедноставено имплементирање на грантови проекти, дури и кога сме во движење. Со eproekti.mk се намалува времето и грешките при менаџирањето со проекти и се зајакнуваат капацитетите на проектниот тим. Со тоа истиот може попродуктивно да се посвети на успешна имплементација и дисеминација на проектните активности и истовремено имплементирање на повеќе проекти.

За кратко време успеавме да стекнеме корисници од повеќе сектори (НВО, јавни и приватни организации) кои дадоа позитивен фидбек заради едноставноста на користењето, добрата организација и прегледност на функционалноста.

Можноста да имаат јасен и прецизен увид во текот на спроведувањето на проектот, достапност на проектната документација 24/7 значително придонеле за подобра координираноста и поголеми капацитети за успешно спроведување, дисеминација и известување на проектите на кои работат.

Исто така, беа презадоволни дека можат контролирано да го споделат проектот со партнерите и секој самостојно да води евиденција на активностите, трошоците и документацијата.

-Кој се може да го користи eproekti.mk, односно за кого е препорачлив и колку ќе ги чини? А колку всуштност заштедуваат со оваа помош во менаџирање и управување со проектот/ проектите?

eProekti.mk е наменет за користење од сите граѓански здруженија, независни консултанти, приватни фирми, општини, образовни институции и останати субјекти кои работат на проекти поддржани од домашни и странски донатори.

Веб софтверот е достапен во две верзии: комерцијална верзија каде наплатата за користење е по проект и најмногу зависи од времетраењето на проектот и бројот на партнери (независно од бројот на корисници внатре во организацијата) и премиум верзија која се адаптира согласно потребите на клиентот.

Комерцијалната верзија има 30 дена бесплатен период и нема ограничување во функционалностите. Може да се регистрирате преку линкот https://eproekti.mk/register.html.

Комерцијалната верзија може да ја користите и за креирање на база на податоци на аплицирани и спроведени проекти, бидејќи внесувањето на проекти само со основни податоци е бесплатно.

Според досегашните анализи и позитивните реакции од корисниците, времето потребно за административно-финансиско работење на проектите и грешките предизвикани од човечки фактор се намалиле за 50%, со што за 50% се зголемила продуктивноста и капацитетите на проектниот тим за успешно спроведување и дисеминација на проектните активности и резултати.

За подобро запознавање со придобивките од користењето на eproekti.mk, може да се пријавите за онлајн презентација преку линкот https://eproekti.mk/webinar.html.

– Освен eproekti.mk, GoEasy има уште неколку корисни Cloud софтвери, особено etenderi.mk и fakturiraj.mk. Кажете ни повеќе за нивните можности?

За секој од развиените продукти постои анализа на реални потреби и се креирани првично да бидат едноставни за користење, прегледни, напредни, достапни од секаде и да го нудат само она коешто му е потребно на корисникот.

fakturiraj.mk е ERP деловен софтвер што овозможува едноставно и прецизно менаџирање со оперативните активности на компанијата (фактури, продажба, трошоци, магацин и сметководство) со цел подобрување на бизнис работењето и остварување на одржлив раст.

fakturiraj.mk е пред сè менаџерски софтвер, достапен преку кој било пребарувач (Chrome, Opera, Firefox и сл.) на компјутер или мобилен уред и нуди едноставни и разбирливи извештаи од повеќе сегменти од работењето, без потреба од посебни познавања од сметководство или технички вештини.

Заинтересираните сопственици и менаџери на бизниси може бесплатно да се регистрираат на линкот https://goeasy.eu/fakturiraj/register.html?m=1 и самите да си го креираат корисничкиот пакет зависно нивните потреби со избор и комбинирање на достапните модули. Бесплатниот период на користење е ограничен до 50 излезни фактури. Износот за користење на софтверот, после бесплатниот период, се одредува зависно избраните модули и се наплаќа како месечна или годишна претплата.

etenderi.mk е веб софтвер за следење и контрола на договори за јавни набавки. Ги елиминира грешките, ги подобрува и автоматизира процесите во областа на искористеноста на договорените количини и износи на набавките во секторите поврзани со јавни набавки. Со вграден систем за нотификации.

etenderi.mk е достапен во две верзии секоја соодветно приспособена за користење од економски оператори или договорени страни. Може да се користи преку кој било пребарувач на компјутер или мобилен уред.

И двата софтвера се доста корисни во моменталната ситуација на пандемија со КОВИД-19 и отежнато канцелариско работење, бидејќи овозможуваат непрекината работа на далечина и од дома.

За подетални информации, заинтересираните корисници може да закажат персонализирана презентација.

-Што е следно што може да се очекува од GoEasy?

Компанијата Гоу Изи како старт-ап компанија е дел од заедницата на Startup Macedonia и од неодамна стана една од седумте фирми кои се дел од програмата на Seavus Accelerator и Startup Wise Guys што од своја страна нуди многу можности и канали за соработка во Македонија и пошироко. Оваа соработка е особено соодветна во моментов, бидејќи сме во процес на локализација на eproekti.mk и etenderi.mk, првично на англиски и италијански јазик, а понатаму, согласно потребите и на други јазици.

Гоу Изи е во постојан контакт со тековните и потенцијални клиенти за согледување на реалните потреби од нови функционалности и согласно истите врши постојано и централизирано надградување на сопствените софтвери.

Се надеваме дека во 2021 година, преку понудата на нашите Cloud софтвери, ќе придонесеме за што поголема дигитална трансформација на активните бизниси и организации во Македонија со што тие ќе станат поуспешни и поконкурентни на домашниот и странски пазар.

Сподели!
- Advertisement -