Русија прави кастинг за првиот игран филм во вселената

- Advertisement -

Вселенската агенција Roscosmos, руската телевизија Channel One и филмската продуцентска куќа Yellow, Black and White, наскоро треба да објават јавен повик за касринг за првиот филм кој ќе биде снимен во вселената. За разлика од НАСА и американските филмски продуценти од Холивуд, кои би сакале во вселената да се сними филм со актерот Том Круз, сега бараат водечка актерка која ќе ја глуми главната улога.

Во веста која ја пренесе руската новинска агенција TASS се вели дека руската вселенска агенција и продуцентската куќа долго рзгледувале две сценариа за филмот кој ќе биде снимен на Меународната вселенска станица. Едно од нив вклучува две жени космонаути, мажи и жени, додека за другото сценарио ќе мора да се лансира само актерка.

- Advertisement -

Што се однесува на филмот, тоа засега се уште се држи во тајност, но познато е дека ќе станува збор за вселенска драма наречена „Challenge”, што значи предизвик и би требало снимањето да започне наесен во 2021 година.

TASS пренесува дека од актерката било побарано да ја избере дублерката и дека мора да помине тренин во школа за космонаути, а за летот во вселената ќе мора да се добие дозвола од летачката комисија на Roscosmos.

- Advertisement -

Исто така, наведуваат дека слушнале дека освен актерката, во вселената ќе патува и уредникот Клим Шипенко, кој не го демантираше тоа, но изјави дека радо би снимал филм во вселената, кој ќе биде прв таков во светот.

Kако што игледа, ни претстои нова вселенска трка меѓу Американците и русите, но овој пат во форма на филмска уметност. Можеби за детантот би било најдобро во вселената истовремено да се најдат и двајцата актери, а потоа и двајцата ќе се борат за преживување после некој голем дефект.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -