Како да препознаете лажни вести? Оваа видеоигра може да ви помогне во тоа

- Advertisement -

Во бурата од различни информации и вести честопати е тешко да се препознае што е вистинска и точна информација, а што е лажна вест или fake news. Иако постојат начини на кои може да се препознаат лажните вести и информации, на многумина им е се потешко да препознаат што е вистинито , а што лажно.

Затоа психолози од Универзитетот Кембриџ осмислија кратка и бесплатна видеоигра „Breaking Harmony Square”, која може да се игра на интернет, а главната цел е да се научат корисниците како да ги препознаваат лажните вести.

- Advertisement -

Психолозите од Универзитетот Кембриџ во изработката на играта соработувале со холандското здружение на медиуми DROG, дизајнерските агенцији Gusmanson, Park Advisors, како и со американската агенција за национална безбедност.

Играта трае десетина минути, во текот на кои главната задача на играчот е да прошири дезинформации и да поттикне раздор во соседството на Harmony Square. Играчот во текот на играта учи за пет техники на маниулација кои најчесто се користат – тролинг, емоционален јазик, поларизација на луѓето, создавање теории на завера и вештачко создавање популарност на интернет преку ботови.

- Advertisement -

После само десетина минути играње играчите во целиот свет истакнбуваат дека полесно препознаваат дезинформации и други техники на создавање лажни вести, но исто така се поуверени дека помалку ќе ги сподлеуваат на социјалните мрежи. Колку е битен проектот зборува фактот дека е објавен во списанието Harvard Misinformation Review.

Како што појаснуваат авторите на видеограта, нејзиниот развој е базиран на теоријата на вакцинирање, односно теоријата на социјална психологија и комуникации кои велат дека изложувањето на послаба, контролирана верзија на социјалните закани (во овој случај лажните вести) ќе ги заштити луѓето или групите луѓе од таквите закани во иднина. Breaking Harmony Square фунцкионира како еден вид на психолошка вакцина затоа што им овозможува на играчите да бидат изложени на „ослабени“ лани вести и теории на завера за да ги научат да ги препознаваат.

- Advertisement -

Испробајте ја сами Breaking Harmony Square и проверете дали можете потоа лесно да ги препознаете лажните вести, теориите на завера и останатите дезинформации.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -