Во кои држави во светот нема корона вирус?

- Advertisement -

Корона вирусот засега не е потврден во девет од вкупно 193 држави кои се целосни членки на Обединетите нации, а според податоците на Светската здравствена организација, заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.

Последната држава во која беше регистриран смртоносниот вирус е Вануат, а тој архипелаг составен од 83 острови се наоѓа во составот на Австралија и Океанија, континентот со најголем број земји кои не се погодени од корона вирусот.

- Advertisement -

Најголема држава во светот, барем официјално, во која не е потврден ниеден случај на корона вирусот е Северна Кореја, чии власти на 26 јули ставија карантин во градот Каесонг, недалеку од границата со Јужна Кореја, откако беше откриена личност за која се сомневаше дека е заразена со вирусот. Сепак, тоа сомнение не беше потврдено, па и покрај резервираниот став на бројни светски медицински експерти, Северна Кореја води како дрѓава во која не навлегол корона вирусот.

Туркменистан е втората азиска држава која нема потврдено присуство на корона вирусот, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани над 700.000 заразени, како и со Казахстан, каде што има речиси 120.000 заразени.

- Advertisement -

Останатите седум држави во кои не е потврден корона вирусот се наоѓаат во Океанија, а најнаселена од нив е Самоа, со околу 200.000 жители. Најмалата земја без заразени со корона вирусот е Науру, каде што има само 12.000 жители. Ова се останатите земји-членки на ОН во кои нема потврдено присуство на корона вирусот: Кирибати, Сојузна Држава Микронезија, Палау, Тонга, Тувалу.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -