Ова е иднината на производство на фармерки според директорот нa Levi’s Strauss

- Advertisement -

Американскиот производител на фармерки Levi’s Strauss повеќе и повеќе го роботизира производството и планира до 2020 година во целост да ги замени работниците во финалната фаза на производство со роботи.

Како што наведува Financial Times, целта е да се скратат трошоците и трошењето на материјал, како и скратување на времетраењето на процесот на дизајнирање и производство на новите модели на фармерки кој денес трае повеќе од една година.

- Advertisement -

Во Levi’s сметаат дека ова е предолго со оглед на тоа колку бргу се менуваат модните трендови.

„Ова е иднината на производство на фармерки“, изјавил извршниот директор Чип Берг. Компанијата објавила дека минатата година приходите им пораснале за 4,9 милијарда долари, но добивката паднала за 3% на 281 милион долари.

Сподели!
- Advertisement -