Пенка Мукаетова: во Ковид криза им помагаме на компаниите полесно да дојдат до финансии!

- Advertisement -

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како консултантска компанија специјализирана за  деловно и корпоративно право, со  докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг, годинава даде голема поддршка на своите клиенти помагајќи им да обезбедат пристап до финансиски извори во услови на голема економска криза предизвикана од Ковид кризата. Повеќе детали добивме од Пенка Мукаетова, освовач и директор на Консалтинг Интер Груп 

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Кои се клучните успеси на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг?

Имајќи предвид дека кризата, најмногу ја почувствуваа микро, малите и средните компании кои се столбот на нашата економија, нашата улога како консултанти беше во обезбедување на полесен пристап до финансии за МСП, успеавме да дадеме значителен придонес во обезбедувањето на средства на самите компании за полесно справување со кризава. Тоа го успеавме преку јавните повици кои беа достапни, како и преку советодавни решенија за побрза дигитализација и примена на технолохијата, како и насочувајки ги во делот на подобрување на дигиталните вештини, се со цел да ја зголемат конкурентноста, како и полесно и побрзо да се прилагодат кон новиот начин на функционирање.

- Advertisement -

 Оваа година изминува во знакот на Ковид криза и големи финансиски проблеми за компаниите. Кои се вашите искуства во овој поглед?

Најголемите проблеми со кои се соочија компаниите се одржувањето на ликвидноста, нефункционалните институции, сивата економија која зема се поголем замав последниот период, како и селективната правда која ја има државата во однос на владеење на правото.

- Advertisement -

Консалтинг Интер Груп како консултантска компанија специјализирана за деловно право и обезбедување полесен пристап до финансии за микро, мали и средни претпријатија, значително придонесе во обезбедувањето на средства за компаниите со цел полесно справување со кризата. Советите и поддршката кои им ги дадовме на нашите клиенти во изработката на проекти беше од големо значење во процесот на искористување на можностите кои ги нудеа пристапните фондови, како и државните институции со цел компаниите да ги надминат финансиските проблеми предизвикани од КОВИД-19 кризата.

 Од една страна е кризата, а од друга страна се програмите и проектите на бројни владини и меѓународни организации наменети за полесно надминување на кризата. Покажаа ли Вашите клиенти интерес за аплицирање? Кои програми беа најинтересни?

Како компанија која работи со големо портфолио на компании, имавме клиенти кои не ја реализираа планираната економска активност, како и компании за кои настанатат ситуација делуваше освестувачки. Со советите и поддршката при изработка на проекти која им ја дадовме на нашите клиенти, тие успешно аплицираа во Фонд за иновации и технолошки развој на јавниот повик “Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19”, на јавниот повик за “Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот” преку Министерство за економија на РСМ, во Развојната банка на РСМ со апликација за бескаматните кредитни линии КОВИД 1 И КОВИД 2 и во Агенцијата за странски инвестиции на Јавниот повик за финансиска поддршка на инвестиции.

 Како Вие како консултантска компанија се справивте во целата ситуација?

Како носители на лидерската позиција на пазарот за консултантски услуги, Ковид 19 беше предизвик и за нас, брзо да се издигнеме над целата ситуација, и да се прилагодиме кон “новото нормално работење”. Сите наши капацитети  ги ставивме во насока на подобрување на услугите кои ги нудиме како консултантска компанија се со цел да овозможиме подобри и побрзи решенија на нашите клиенти.

Кои се клучните пораки кои би ги упатиле на компаниите?

Ова е ера на иновативно претприемништво и многу е нормално инвестициите во најголем дел да бидат во технолохија и дигитализација, како и комплетно реструктуирање на работењето. Потребно е да ги следат глобалните трендови, да се искористат сите пристапни средства кои им стојат на располагање преку различни фондови и финансиски институции, да побараат поддршка од консултантски куќи и паметно да ги инвестираат своите пари.

 По успехот годинава со обезбедување финансиски извори, кои се очекувањата за следната?

Постои голем интерес од страна на компаниите за инвестирање и развој, и за истите е потребна поголема поддршка и сигурност на подолг рок. Не знаеме до кога ќе трае пандемијата и какви се мерки и рестрикции ќе се превземат понатаму. Потребна е поголема визија од страна на државниот апарат и да се изнајдат начини за креирање на јасни политики кои ќе се движат како во насока на обезбедување сигурност и поддршка на нашите компании, преку субвенционирање и здрава даночна политика, така и на привлекувањето на странските инвеститори.

Исто така, во рамките на Глобалната недела на претприемништво која е актуелна во 170 земји во светот, имаме активности во неколку настани на кои ќе ги објасниме програмите за полесен пристап до финансии за микро, мали и средни компании. Глобалната недела на претприемништвото е иницијатива која на многу едноставен и непосреден начин овозможува поврзување и зајакнување на партнерите во екосистемот, како и основање на нови релации во насока на подобрување на условите за развој на претприемништвото, во секоја од земјите. Секој ноември, глобалната недела на претприемништво која брои над 10.000 партнери, ги инспирира луѓето низ светот да ги истражат своите потенцијали како самостојни иноватори.

Сподели!
- Advertisement -