Милион Кинези примија експериментална вакцина против корона вирусот

- Advertisement -

Речиси еден милион луѓе примија експериментална вакцина против корона вирусот која ја разви фармацевтскиот гигант Sinopharm, пишува CNN. Сето тоа е дел од програмата за итна употреба, која ја одобри Пекинг, а досега не се забележани сериозни штетни ефекти од вакцината.

„Во ситуација кога имаме нужда, ја применивме вакцината на речиси милион луѓе. Никој од нив не пријави сериозни нуспојави, а само неколкумина имаа благи симптоми“ изјави челникот на Sinopharm, Лиу Јингжен.

- Advertisement -

Вакцината ја примија кинески градежни работници, дипломати и студенти. Самата компанија развива две различни вакцини и уште не е познато која од вакцините ја примиле кинеските државјани.

(Seebiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -