И покрај се поголемиот број случаи на заразени со корона вирусот, кој забрзано се шири во Европа, САД и во многу други држави во светот, во последно време сепак завладеа оптимизмот поради позитивните информации за вакцините. Се приближува денот кога ќе почне вакцинирањето, иако е јасно дека ќе помине доста време додека да почне дистрибуцијата на вакцините и дека на почетокот ќе боде достапен ограничен број дози.
Од Microsoft објавија дека компаниите кои се занимаваат со развој и истражување на вакцините се нашле на удар на неколку хакерски групи. Кокретно, станува збор за руските хакери Fancy Bear и за севернокорејските Zinc и Cerium. Microsoft забележал напади и поголеми случаи на провалување во компјутерските системи на седум фармацевтски компании од САД, Канада, Франција, Индија и од Јужна Кореја. Иако во најголем број случаи безбедносниот софтвер ги стопирал нападите, не е познато какви се последиците на напасите кои биле успешни, односно дали хакерите дошле до битни и доверливи информации.
Во нападите и обидите да дојдат до информации руските хакери користеле т.н. „brute force” метода, обидувајќи да се пријават на некои компјутерски организации. Хакерите од Северна Koрeja одлучија да применат поинаков пристап и на вработените во фармацевтските компании им испраќале имејлови како да др претставници на светската здравствена организација и таа се обидувале да ги мападнат и луѓето кои им даваат корисни податоци.
Ова не е прв пат да се зборува за напади на руски хакери на фармацевтските кoмпании, а претходно можевме да ги прочитаме и обвиненијата. Додека целта на сето тоа била шпионажа и тие хакери дошле до некои резултати од истражувањата, многу е поголема опасноста во нападите со софтвер кој бара откуп, кои се почести и во последно време се користат за напади на болници. При таквите напади се заклучуваат компјутерите и пристапот до податоци, па ако повторно сакаат да ги добијат податоците, потребно е на хакерите да им се плати откуп.
(BBC)