Фалете ги вработените затоа што тоа ќе ви се врати повеќекратно

- Advertisement -

Бизнис светот се почесто се доживува како пресметлив и незаинтересиран за што било друго освен за постигнатите резултати. Но, постојат и работодавци кои се свесни дека луѓето, а не бројките се темелот на секоја компанија и дека нивната продуктивност и лојалност според компанијата придонесува за здрава работна атмосфера во која заработката е компензација, а не пофалба за работата.

Но, како да се создаде една таква средина? Така што ќе се воспостави т.н. култура на пофалби. Компании ширум светот на своите вработени им испраќаат порака дека се грижат за нив и дека ги ценат постигнатите резултати. Според Inc.com, најдобро е да фалите:

- Advertisement -

Јавно
На луѓето им годи да бидат пофалени и јавно издвоени за своите достигнувања пред колегите. Истовремено, останатите вработени увидуваат дека вредната работа нема да помине незабележано.

Искрено
Неискреноста секогаш се чувствува, а пофалбите кои не доаѓаат од срцето нема да дадат добар ефект. Вработените ќе почнат да ги преиспитуваат мотивите кои се наоѓаат зад лажните зборови на пофалба, давајќи им негативни конотации.

- Advertisement -

Конкретно
Однесувањето кое се наградува е однесувањето кое се добива. Затоа подобро е да ги пофалите конкретните достигнувања наместо работата во целина.

Правовремено
Многу е битно да се пофалат вработените веднаш после завршената работа. На тој начин работодавецот на своите вработени им испраќа порака дека внимателно ја следи нивната работа, дека е во тек со се што се случува во компанијата и дека се грижи.
ОД друга страна, тоа е време кога и самите вработени очекуваат пофалба и која добро ќе им годи.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -