Овие три групи работници се најпогодени од корона кризата

- Advertisement -

Најголемите жртви од корона кризата на пазарот на труд се вработените на определено време, сезонските работници и работниците на повремени работни места, покажува најновата анализа на Евростат. Според податоците кои ги објави Евростат, во ЕУ на крајот на вториот квартал годинава имало околу 19,2 милиони вработени на определено време на возраст од 20 до 64 години, додека на крајот на минатата година тој број бил 22,2 милиони.

Тоа значи дека во првата половина од годинава бројот на вработени на определно време во ЕУ се намалил за околу 3 милиони или за повеќе од 13%. Има пад и на уделот на вработени на определено време во вкупниот број вработени и тоа од 11,6% на 10,2%.

- Advertisement -

Истовремено, стапката на невработеност во ЕУ порасна од 6,5%, колку што изнесуваше на крајот на 2019 година, на 7,1% на крајот на јуни годинава. Како што може да се заклучи од извештајот на Евростат, намалувањето на бројот на вработени на определено време е главниот генератор на растoт на невработеноста.

Од Евростат предупредуваат дека промените кои ги предизвика пандемијата на корона вирусот на пазарот на труд посебно ги погодија младите. Најголем дел од нив и така работат на определено време, а корона кризата доведе до значајно намалување на процентот на младите работници на определено време.

- Advertisement -

(Index.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -