Snapchat ќе им плаќа на корисниците 1 милион долари дневно за вирални видеа

- Advertisement -

Snapchat објави дека нивните корисници може да освојат дел од 1 милион долари секој ден ако креираат вирални видеа на платформата. Ова е дел од новата опција Spotlight која ја најави компанијата, а која ќе користи алгоритам за да препорача најинтересни видеа за индивидуалните корисници. Тоа значи дека оваа латформа се обидува да држи чекор со TikTok, кој стана новата дестинација за вирални трендови и инфлуенсери.

Snapchat исто така вели дека опцијата нема да ги промовира содржините само на најголемите ѕвезди, туку исто така ќе прикажува видеа од лични, приватни сметки, а секој ќе може да прикачи видеа во рамките на Spotlight. Вкупно 1 милион долари дневно ќе бидат доделувани почнувајќи од сега до крајот на годината, а парите ќе бидат поделени меѓу најуспешните видеа. Од компанијата уште не откриваат колку луѓе ќе бидат избрани за добитници секој ден или колкава е максималната сума што може да ја добие еден поединец.

- Advertisement -

Snapchat опстојува од тоа колку се анагажирани корисниците. Објавувањето вирални содржини и наградувањето на креаторите на тие содржини е одличен начин да се одржи бизнисот, особено кога се има предвид заканата од TikTok и другите платформи.

Snapchat неодамна објави дека имаат повеќе од 250 милиони корисници на платформата, но во текот на изминатата година новата закана, TikTok, достигна 100 милиони активни корисници месечно само во САД, а повеќе од 800 милиони активни корисници на светско ниво.

- Advertisement -

(Unilad Tech)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -