После спроведени истражувања и тестириања во кои учествувале 70 пациенти, американската Агенција за храна и лекови на почетокот на месецот даде зелено светло за апликација за уредите на Apple која треба да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Апликацијата NightWare првенствено е наменето за луѓе кои страдаат од кошмари и проблеми со спиење поради пострауматски стрес.
Интересно е дека NightWare во САД е достапна само со рецепт, а за користење на апликацијата потребно е да имате и iPhone и Apple Watch, преку кои се следи движењето на телото и срцебиењето во текот на спиењето. Кога апликацијата врз база на информациите од часовникот ќе препознае дека корисникот има кошмар, таа ќе го активира часовникот, кој ќе почне лесно да вибрира. Таквата вибрација треба корисникот да го извлече од кошмарот, но не и да го разбуди.
Апликацијата не работи на ист начин за секој корисник и преку посебен алгоритам за скеој пациент создава профил на спиење. Благодарение на сите тие податоци, алгоритми и следењето на спиењето и срцебиењето, NightWare треба на корисниците да им помогне да спијат подобро и поквалитетно. .hr)
(Dnevnik.hr)
(фото: YouTube screenshot)