Најголемиот соларен телескоп во светот ја направи првата фотографија од сончева дамка широка 16.000 км

- Advertisement -

Најголемиот соларен телескоп во светот ја направи првата фотографија од од сончева дамка и ја сподели со светот. Телескопот Daniel K. Inouye Solar Telescope на американската Национална научна фондација, лоциран во Хаваи, постигна просторна резолуција околу 2,5 пати поголема од претходно. Телескопот уште е во финалните фази од изградбата.

На фотографијата се гледа црниот центар на дамката, каде што температурата е околу 4.150 степени Целзиусови и тоа е всушност пониска температура од околината. Целата дамка е широка 16.000 км и е доволно голема за да ја собере Земјата во неа.

- Advertisement -

Телескопот Inouye се наоѓа во Мауи и е направен специјално за да го открие експлозивното однесување на Сонцето. Дури иако не е целосно готов, се уште е доволно моќен за да направи фотографии од Сонцето одблиску.

На фотографијата се гледаат ладните и топлите гасови кои излегуваат од темниот центар. Цената точка во центарот е резултат на силни магнетни полиња и топли гасови кои излегуваат од внатрешноста на Сонцето. Концентрацијата на магнетни полиња во тој темен регион ја потиснува топлината во Сонцето да не излезе на површината.

- Advertisement -

Сончевите дамки се визуелизација на активноста на Сонцето и колку повеќе ги има, толку е поактивна оваа масивна ѕвезда. Сонцето го достигна својот соларен минимум, односно периодот кога има најмалку сончеви дамки во декември минатата година, а фотографијата која ја направи Inoyue е една од првите сончеви дамки на новиот соларен циклус, кој треба да го достигне максимумот на средината на 2025 година.

(DailyMail)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -