Германија отвори истрага против „Амазон“ за антиконкурентска пракса

- Advertisement -

Германското тело за конкуренција на пазарот денеска соопшти дека покренало истрага за онлајн гигантот „Амазон“ заради потенцијални „антиконкурентски практики“, повикувајќи се на новиот закон што на регилаторот му дава поголема моќ во контролата на големите технолошки компании, пренесуваат француските медиуми.

-Прво проверуваме дали „Амазон“ е од првостепено значење за конкуренцијата на пазарот, изјави шефот на контролното тело, Андреас Мунд, додавајќи дека според новиот закон, регулаторот може „да преземе рани мерки против „Амазон“ и да ги забрани неговите можни антиконкурентски постапки“. 

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -