Претставен првиот електирчен автомобил во светот кој наводно не мора никогаш да се полни

- Advertisement -

Новиот електричен автомобил кој го претстави американската компанија Aptera, како што велат дизајнерите, нема да има потреба воопшто да се полни, односно најголем дел од просечните возачи нема да мора да го полнат. Од Apterа предвидуваат дека нивниот најмоќен модел има автономија на движење од 1.600 км со батерија со моќност од 100KWh.

Нивниот двосед за градско возење на три тркала има соларни ќелии, кои дневно може да создадат доволно енергија за 72 км. За најголем дел од градските возачи тоа е и повеќе од доволно за дневно ниво на потрошувачка за градско возење.

- Advertisement -

Кога ќе се земе предвид тоа, автономијата на движење од 1.600 км звучи реално. Автомобилот не се напојува со енергија само од соларните ќелии, иако од Apterа тврдат дека нивната технологија Never Charge ја држи батеријата полна и на годишно ниво нивниот соларен погон произведува енергија доволно за 17.600 км во најголем дел од светот.

Автомобилот има интересна форма и е прилично лесен. Неговиот коефициент на отпор изнесува 0,13, додека коефициентот кај моделот Teslа Model 3, на пример, е 0,23, а кај Volkswagen ID 4 е 0,28.

- Advertisement -

Автомобилот има забрзување од 0 до 100 км за 5,5 секунди. Aptera ги планиура првите испораки на автомобилот идната година.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -