Во текот на оваа година во Велика Британија се очекува пораст на станиците за полнење на електрични автмобили, кои ќе бидат интегрирани во обичните паркинг места. Тоа значи дека електричниот автомобил нема да мора да го полните на посебни станици, туку на речиси секој паркинг ќе има одреден број паркинг места за полнење со електрична струја.
Лондонската компанија AppWay разви апликација која на корисниците им помага во пронаоѓањето слободен паркинг со можност за полнење електричен автомобил, а тие податоци ги собира со посебни сензори на асфалтот кои детектираат кога местото е слободно или зафатено.
Градското собрание на Коцентри сака целиот систем да го прошири на детектирање дизелаши и бензинци кои се затекнати на специјалниот паркинг за електрични автомобили и да им се пишуваат казни од 70 фунти. На тој начин сакаат да спречат паркирање на бензинци на места предвидени за полнење е-автомобили.
Иако АppWay ги разви тие сензори за собирање податоци за сите паркинг места, сега нивнот систем тие податоци ќе ги споредува со податоци од местата за полнење. Тоа значи дека ако вашиот автомобил се наоѓа на место за полнење, а не е приклучен на полнач, автоматски ќе добиете казна за погрешно паркирање без потреба од интервенција од чуварот на паркингот или полицијата.
Апликацијата AppWay веќе е во фунцкија во 400 поголеми и помали градови во Велика Британија, досека сензорите во комбинација со станици за полнење досега се инсталирани во неколку градови. Во Велика Британија во текот на 2020 година бера продадени околу 144.000 електрични и хибридни возила, што е дупло повеќе отколку во 2019 година.
(Vidi.hr)
(фото: )