Почнува најголемиот светски технолошки саем CES, годинава во виртуелна верзија

- Advertisement -


Со години наназад почетокот на годината се поврзува со CES во Лас Вегас. Минатите години илјадници луѓе го посетуваа саемот, каде што најголемите технолошки компании и стартапи ги претставуваат своите новитети, но не и годинава.

Поради пандемијата на корона вирусот, која предизвика откажување на многу технолошки конференции и други саеми ширум светот, најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, CES 2021, ќе се одржи во целосно виртуелно издание. Тоа значи дека 54. CES ќе биде сосема поинаков од она на што сме навикнале, а дали ќе биде подобар или полош допрва ќе видиме.

- Advertisement -

Целосно дигиталното искуство ќе ги поврзе излагачите, потрошувачите и медиумите од целиот свет. Новиот формат ќе овозможи учесниците да слушнат што имаат да кажат технолошките иноватори, да ја видат најновата технологија и производи и да комуницираат со глобалните брендови и стартапи од целиот свет, се вели во официјалната најава за CES 2021.

Но, што можеме да очекуваме од саемот од 11 до 14 јануари? Најголем дел од големите компании кои имаат нешто ново да покажат тоа ќе го направат со виртуелни презентации во текот на тие пет дена. Еден од најинтересните аспекти ќе бидат гостинските предавања на најпознатите луѓе од технолошкиот сектор. Така, на CES ќе зборува Ханс Вестберг, шеф на Verizon, за 5G технологијата. Гери Шапиро и Карен Чупка од организаторскиот одбор на CES ќе дискутираат за тоа што ја чека автомобилската индустрија, додека Лиса Су од AMD ќе ја презентира визијата на AMD за во иднина.

- Advertisement -

Понатаму, претседателот на Microsoft, Бред Смит, ќе зборува за дволичноста на технологијата, која е неверојатна алатка за придвижување на човештвото, но и алатка која може да руши демократии и да ги загрози човековите права.

Што се однесува на претставувањето нови уреди, најавени се 1.950 излагачи на CES. Од најпознатите како Asus, Lenovо, LG, Microsoft, Nvidia, Panasonic, Philips, Samsung, Sony и бројни други, до такви кои допрва ќе го бараат своето место на светскиот пазар.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: CES screenshot)

Сподели!
- Advertisement -