- Advertisement -
Кина претстави прототип на супербрз воз, за кој неговите дизајнери тврдат дека може да достигне брзина од 620 километри на час, пренесува Радио МОФ.
Овој воз е двојно побрз од возот Јуростар и при таа брзина од Лондон до Париз би се стигнувало за 47 минути, доколку би се возело со максималната брзина.
- Advertisement -
Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од овој вид во светот, и е од исклучиво домашно производство, а правењето на прототипот долг 21 метар чинело речиси 7,5 милиони евра.
Фото – Youtube скрин-шот
- Advertisement -