Мајк Масимино, НАСА астронаутот кој прв „твитна“ од вселената е новиот говорник на конференцијата Spark.me 2018

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.mе, една од најголемите конференции за маркетинг во Југоисточна Европа, која се одржува од 26 до 27 мај во Будва, Црна Гора (со серија на специјализирани работилници закажани за 25 мај), го објави името на новиот говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Мајк Масимино, некогаш астронаут во НАСА, професор на Универзитетот Колумбија, познато ТВ лице, поранешен советник на вселенските програми на музејот Interpid и автор на бестселер.

- Advertisement -

Масимино во периодот од 1996 до 2014 година бил астронаут во НАСА – два пати патувал во вселената на мисии за сервисирање на вселенскиот телескоп Хабл во чиј тек дури четири пати „се прошетал“ во вселената. Тој воедно е и првата личност која „твитна“ од вселената и последна која работела внатре во Хабл. Моментално работи како професор на додипломските студии по инженерство на Универзитетот Колумбија.

Тој вкупно шест пати се има појавено во хит ТВ серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory), а редовно учествува на ТВ емисии и документарци. Последно ТВ појавување му е во документарната серија One Strange Rock која моментално се емитува на National Geographic. Автор е на книгата која беше прогласена за бестселер од New York Times, наречена Spaceman: An Astronaut’s Unlikely Journey to Unlock the Secrets of the Universe.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на другите главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; како и Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -