САД го прогласија Xiaomi за „комунистичка воена компанија”

- Advertisement -

Xiaomi е третиот најголем производител на мобилни телефони во светот, а американското Министерство за одбрана од вчера таа компанија ја гледа како комунистичка воена компанија. Тоа значи дека Xiaomi моментално е засегнат од извршната одлука на Доналд Трамп која збаранува инвестирање во таквите компании. Тоа може да ги натера американските компании и американските инвеститори да престанат да соработуваат со Xiaomi од 11 ноември 2021 година.

Портпаролот на Xiaomi во реакцијата на одлуката наведува дека кинеската компанија не е во сопственост, под контрола, ниту на кој било начин поврзана со кинеската војска и дека не се комунистичка кинеска воена компанија.

- Advertisement -

Сепак, Xiaomi сега ги разгледува последиците на одлуката на американското Министерство за одбрана, пред и сами да преземат соодветни мерки.

„Компанијата Xiaomi ги почитува законите и соработува во согласност со регулативите на сите пазари и ќе ги преземе соодветните активности за да си заштити своите и интересите на своите акционери“ се вели во официјалниот одговор на Xiaomi на објавата на Министерството за одбрана на САД дека Xiaomi сега е ставена на црната листа со кинески компании.

- Advertisement -

Администрацијата на новизбраниот претседател Џо Бајден можеби ќе ја смени таа одлука до ноември годинава, но интересно е тоа што Xiaomi воопшто се најде на таа црна листа. Најголем дел од другите компании на листата се повеќе индустриски настроени и специјализирани за воздухопловство, вселенска технологија, бродоградежништво, хемикалии, телекомуникации, градежништво и други форми на инфраструктура.

Вториот по големина производител на мобилни телефони во светот, Huawei, исто така се наоѓа на таа листа, но Huawei исто така гради комуникациска опрема на високо ниво, а американските законодавци особено ги загрижува фактот дека Huawei е дел од американската национална мобилна инфраструктура.

- Advertisement -

(The Verge)

Сподели!
- Advertisement -