Најавена државна поддршка за индустријата, туризмот и енергетската ефикасност

- Advertisement -

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои што беа донесени на последната седница на Владата.

Тој додаде дека во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

- Advertisement -

„Со мерките и активностите за поддршка и развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото во Северна Македонија ќе продолжиме и оваа година. На тој начин во очекување на завршувањето на пандемијата ќе се отвори можност за компаниите, занаетчиите, фондациите, здруженијата и занаетчиските комори, поддршка во реализација на нивните бизнис активности. За таа цел, оваа година Министерството за економија за реализација на мерките предвидени во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) обезбеди 68.800.000 денари,“ изјави Бектеши на прес-конференцијата.

Тој додаде дека покрај КИП програмата, оваа година се продолжува со целосна реализација на Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата, која лани, како резултат на пандемијата не успеале целосно да ја реализираат. За годинава продолжуваат со финансиската поддршка за граѓаните за што се предвидени вкупно 52.000.000 денари.

- Advertisement -

„Продолжуваме со интензивна поддршка и годинава за што со Програмата за развој на туризмот за што се предвидени 31.000.000 денари. Годинава повторно ќе биде објавен јавен повик за надоместување до 50 проценти од трошоците за вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило. Вкупно за оваа намена се предвидени 11.000.000 денари, а јавниот повик ќе биде објавен во третиот квартал годинава по принципот ‘прв дојден прв услужен’,“ додаде Бектеши.

Сподели!
- Advertisement -