Руската федерална служба за заштита на правата на граѓаните Ростпотребнадзор извести дека резултатите од првата и втората фаза од клиничките испитувања покажале дека руската вакцина EpiVacCorona против корона вирусот има ефикасност од 100%.
Оваа вакцина ја разви Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор, кој се наоѓа во близина на Новосибирск.
„Вкупната ефикасност на вакцината се состои од имунолошка и превентивна ефикасност“, се наведува во соопштението.
За разлика од првата руска вакцина против корона вирусот, Sputnik V, која е векторска и се заснова на човечки аденовирус, новата вакцина е пептидна и се базира на една од синтетичките платформи.
EpiVacCorona се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусните протеини пептиди, преку кои имунолошкиот систем учи како да го препознаи и да го неутрализира вирусот, велат од Ростпотребнадзор.
(Klix.ba)
(фото: Pixnio)