Формирана четвртата најголема авто-компанија во светот – Stelantis

- Advertisement -

Со одобреното спојување на глобалните производители на автомобили Peugeot S.A. (PSA) и Fiat Chrysler Automobiles N.V (FCA) е формирана нова компанија Stelantis, што на италијански значи „посипана со ѕвезди“.

Тргувањето со акциите на оваа компанија започна во понеделникот на берзите Euronext во Париз и Mercato Telematico Azionario во Милано, а од вчера и на Њујоршката берза под берзанска ознака „STLA”.

FCA групацијата под своја капа ги има брендовите: Abarth, Alfa Romeo, Chrysler, Dodge, Fiat, Fiat Professional, Jeep, Lancia, Ram и Maserati, а вработува 200.000 луѓе ширум светот.

- Advertisement -

Групацијата PSA, пак има пњт авто-брендови: Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall и нуди широк избор на паметни услуги под брендот Free2Move.

Со нивно здружување настана четвртата по големина светска групација за производство на автомобили. 14 брендови од новата компанија држат 9% од светскиот автомобилски пазар, со осум милиони продадени возила во 2019 година.

- Advertisement -

“Ќе имаме голема улога во текот на наредната деценија во редефинирање на мобилноста, како што тоа го правеле нашите основачи со големата енергија“, изјави претседателот на FCA, Џон Елкан. Новиот извршен директор на Стелантис, Карлос Таверес деновиве ќе ја претстави својата визија на групацијата со 400.000 вработени, а во наредните месеци и стратешкиот план.

Предизвиците се бројни: “електрификација“ на сите модели, промена на пазарот и навиките на потрошувачите поради пандемијата и отежнатото производство поради здравствената криза. Глобалната продажба на PSA во 2020 падна за 27,8%.

- Advertisement -

PSA и Фијат Крајслер проценија дека со синергијата би можеле да заштедат до пет милијарди евра годишно, како во производни трошоци, така и во истражување.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -