Гугл се закани дека ќе го повлече пребарувачот од Австралија ако треба да плаќа за објава на вести

- Advertisement -

Американската компанија Гугл се закани дека ќе ја отстрани можноста за пребарување содржини за граѓаните од Австралија доколку оваа земја не го повлече законот, со кој Гугл, Фејсбук и другите технолошки компании ќе треба да им плаќаат на медиумите за објавување на нивната медиумска содржина.

Австралија е првата земја во светот која воведува закон кој е сличен на заштитата на авторското право, а е во насока на заштита на независното новинарство и поддршка за пребродување на корона кризата во медиумскиот сектор. Законот ќе ги принуди технолошките компании да им плаќаат на медиумите за нивната содржина, а во спротивно ќе бидат приморани да плаќаат казни.

- Advertisement -

Австралискиот премиер Скот Морисон по реакцијата на Гугл рече дека пратениците нема да попуштат пред „заканите“.

Иако Австралија е далеку од најголемиот пазар на Гугл во светот, предложениот закон се смета за можен глобален тест за тоа како владите би можеле да бараат регулирање на големите технолошки фирми, пишува Би-би-си.

- Advertisement -

Директорот на Гугл Австралија, Мел Силва на денешното сослушување во австралискиот Сенат рече дека кога се објавува цената за поставување линкови до одредени информации, се расипува начинот на работа на пребарувачите и повеќе нема да има отворена и бесплатна мрежа.

„Доколку овој закон се изгласа, тогаш тоа нема да ни даде било каков друг вистински избор освен да престанеме да го правиме достапен пребарувачот на Гугл во Австралија“, рече Силва.

- Advertisement -

Пребарувачот на Гугл е доминантен во Австралија, а владата тврди дека технолошките платформи се стекнуваат со корисници од луѓето кои сакаат да читаат вести, така што технолошките гиганти треба да им платат на медиумите „фер“ надоместок за нивното новинарство.

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -