Американскиот претседател Џо Бајден сака да ги замени сите службени возила со електрични

- Advertisement -

Претседателот Џо Бајден најави дека неговата администрација планира да ја замени целата флота службени возила со електрични автомобили. Според неговата изјава при потпишувањето на извршната наредба „Made in America”, сите електрични возила ќе бидат од американско производство.

Федералната влада поседува огромна флота возила, кои ќе ги замениме со чисти електрични возила направени овде во Америка од страна на американски работници“, изјави Бајден во своето обраќање.

- Advertisement -

Иако ветувањата во политичките кампањи не можат да се спроведат на дело веднаш, овој потег сигнализира дека има потенцијал за позитивни промени. Посветеноста на Бајден на менувањето на начинот на кој федералната влада се превезува низ земјата е потег кој е во правец на климатската агенда на новата влада.

Федералната флота возила се состои од над 645.000 возила, покажуваат најновите извештаи. Ако ова ветување на Бајден биде одобрено, владата ќе мора да замени речиси 254.000 цивилни возила, 173.000 воени возила и 225.000 возила на поштата со електрични возила.

- Advertisement -

Иако Бајден изрази посветеноста на ова прашање, нема поставено временска рамка. Фактот дека федералната влада поседува огромен број возила значи дека за нивна целосна замена ќе бидат потребни неколку години. Иако некои возила ќе бидат заменети подоцна, некои од нив имаат предност. На пример, возилата Grumman Long Life Vehicles (LLV) кои ги користи поштата од 80-тите години на минатиот век се први за замена. Поштенските возила имаат лесни рути на кратки растојанија со многу попатни станици, а тоа одлично се вклопува во карактеристиките на електричните автомобили.

Оваа најава на Бајден доаѓа во време кога тој потпиша неколку извршни наредби за олеснување на последиците од климатската криза. На првиот ден на служба Бајден ја откажа изградбата на нафтоводот Keystone XL и почна процес на враќање на САД во Парискиот климатски договор. Бајден исто така оформи и тим од експерти кои треба да формулираат план како да се справат со климатските промени.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -