Сакате да купувате игри онлајн? Да потрошите доста пари на кул опрема? Би потрчале ли веднаш за некој добар попуст? Им верувате ли на онлајн продавачите без размислување? Ви честитаме, вие сте само лесна мета за криминалците кои ловат кредитни картички и гејмерски профили или луѓе што тргуваат со непостоечки предмети. Ќе ви објасниме како да купувате онлајн без да фрлате пари залудно.
1. Купувајте од официјални извори
Можеби звучи очигледно, но официјалните продавници се единствените места каде што треба да купувате игри, виртуелни аксесоари, опрема за игри и други поврзани предмети. Тоа не е така затоа што тоа го прават добрите деца туку е единствениот начин да добиете некаква гаранција. Ако купите нешто на сомнителна страница и потоа продавачот исчезне, вашите мани се изгубени засекогаш. Затоа, нашата прва препорака е да купуват компјутерски игри на добро познати платформи како Steam и GOG или на официјални страници на девелопери, да симнувате мобилни игри од App Store или Google Play и да купувате производи само во игрите. Ако барате нешто невообичаено, можеби ќе имате среќа на страници на девелопери. Steam Workshop, на пример, е добро место за да се најдат креации на други играчи. Но, непознатите страници со одлична понуда не се вредни за ризикот.
2. Штедете паметно
Продажбите и промоциите се добар начин да заптедите пари, ако го правите тоа внимателно. На пример, Epic Games Store редовно дава игри бесплатно. Но, не брзајте да кликнете на сите имејлови кои ветуваат огромни попусти на најновите игри. Најдобрите понуди најчесто се измами. Наместо тоа рачно внесете го URL на девелоперската страница или на продавницата во пребарувачот и видете дали попустот се споменува и таму. Ако го нема, не е вистински. Друг начин на кој луѓето сакаат да заштедат пари е со купување користени производи или купуваат клучеви за игри на сивиот пазар. Не го правете тоа. Големи се шансите дека предметот кој ќе го купите бил украден и потоа блокиран, а бидејќи девелоперите и легалните издавачи не се вклучени во процесот, нема гаранција дека ќе ви ги вратат парите.
3. Проверете ја политиката за враќање на производи
Пред да купите нешто дознајте ги правилата на продавницата за враќање на игра што не ви се допаѓа или не функционира на вашиот компјутер. Тоа е особено битно ако не сте сигурни дек насловот е вреден за парите. Повеќето овластени препродавачи нудат рефундација, но условите варираат. На пример, за игри од Google Play имате 48 часа од времето на купување да се премислите. Steam можеби ќе одбие да рефундира игра која сте ја играле подолго од два часа. Освен тоа, правилата може да варираат од игра до игра. На пример, игрите на попуст можеби не подлежат на рефундација. Најдобро е таквите детали да ги знаете однапред.
4. Користете посебна картичка за онлајн шопинг
Знаете ли колку онлајн продавници се хакирани? Ако тоа се случи со продавницата од каде што сте купиле игра, деталите од вашата фактура може да завршат во рацете на сајбер криминалци. Некои грешки на страницата исто така може да доведат до протекување чувствителни информации, како што се случи со Steam. Наместо да поврзете некоја картичка со пристап до голема количина кеш, набавете дебитна картичка за онлајн шопинг и испразнете ја до максимум. Така ако некој успее да ја хакира,нема да добијат ништо. Некои банки издаваат виртуелни картички посебно за таа намена. Исто така, можете да побарате картички за гејмери, кои нудат поголем поврат на средства на гејминг платформи и бонуси во игрите.
5. Користете безбедна конекција
На јавните мрежи информациите кои ги испраќате онлајн, било да се тоа детали за картичките или за логирање, некогаш се пренесуваат некриптирани, што значи дека администраторите на мрежите и хакерите можат да ги прочитаат. Препорачуваме да се логирате на онлајн продавниците од дома, се разбира, ако имате соодветна заштита на домашната мрежа. Ако сте заглавени во некое кафуле, а има уште неколку минути до завршувањето на промоцијата, користете VPN. На пример, Kaspersky Secure Connection ги штити вашите податоци од пресретнување на јавните мрежи.
6. Заштитете ги сметките
Не заборавајте да ги заштитите своите сметки. Таму се зачувани сите трансакции. За да спречите сајбер криминалците да ја продадат вашата колекција и да ги потрошат парите од картичката, заштитете ја вашата сметка на Steam и на and Battle.net, како и на кој било социјален медиум кој го користите. Битно е да се провери листата со промени на Facebook итн.
7. Заштитете ги уредите
Компјутерите, паметните телефони и таблетите кои ги користите за играње игри исто така треба да се заштитат. Соодветните антивирусни програми ги блокираат лажните веб страници и злонамерниот софтвер. Начинот на играње кој ќе го најдете во модерните безбедносни решенија се активира автоматски кога ќе притиснете да гледате на целиот екран.