Бил Гејтс предупредува на нова можна пандемија – биотероризам

- Advertisement -

Милијардерот Бил Гејтс на својот блог „GаtеsNotes” напиша дека тажната реалност е дека КОВИД-19 најверојатно не е последната пандемија.

„Не знаеме кога и што ќе не удри наредно. Дали тоа ќе биде грип, корона вирус или некоја нова болест која уште не сме ја виделе. Но, она што го знаеме е дека не можеме да си дозволиме ново изненнадување“, напиша Гејтс.

- Advertisement -

Тој истакнува дека наредната пандемија може да биде резултат на биотероризмот, и нагласи дека за да се спречи повторување на минатогодишните несреќи, спремноста за одговор на пандемија мора да се сфати еднакво сериозно како и воената опасност.

Гејтс исто така ги споредува идните смртоносни глобални пандемии со нов вид на воено оружје. Тој потсети дека на конференција во Минхен во 2017 година ги замолил светските лидери да замислат дека некаде во светот постои или може да постои ново оружје способно да убие милиони луѓе, да ја стопира економијата и да ги вовлече земјите во хаос.

- Advertisement -

„Не можеме да предвидиме кога, но со оглед на постојаната појава на нови патогени, растечкиот ризик од напади на биотероризмот и се поголемата меѓусебна поврзаност на нашиот свет, постојат големи шанси да се случи голема и смртоносна модерна пандемија“, напиша Гејтс.

Гејтс спомена и различни видови мерки кои владите можат да ги преземат за да се подготват за таква ситуација во иднина. Истовремено, повика на континуирано финансирање на научните алатки кои моментално не водат низ пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

„За да се спречи наредната пандемија ќе мора да се трошат по десетици милијарди евра годишно. Тоа е голема инвестиција, но имајте на ум дека пандемијата на КОВИД-19 ќе не чини 2.800 милијарди долари”, предупредува Гејтс.

Во написот се вели и дека се очекува голем напредок во развојот на нови вакцини во текот на наредните пет години и дека мора да постои глобален систем на предупреудвање базиран на дијагностички испитувања, што денес не може да се направи во голема мера.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -