Американска DARPA сака да гради фабрики и други големи објекти на Месечината

- Advertisement -

Ако се остварат амбициознитe американски планови, за нешто повеќе од три години по Месечевата површина. Мисијата Artemis треба да биде посебна во многу работи, а особено во тоа што по прв пат во историјата на Месечината треба да стапне жена. Но, плановите кои се смислуваат зад затворени врати во DARPA се многу поголеми и се размислува за изградба на фабрики и други големи градби на Мерсечината.

Како и во случајот со последните вселенски мисии Darpa ќе побара помош од комерцијални компании. Затоа стартуваше програамата NOM4D, која се надеваат дека ќе може да се искористи за подигнување на големи лунарни структури кои нема да се градат на Земјата, туку на Месечината. Од DARPA очекуваат целосно нови концепти и различни материјали и процеси, како и целосно нов и вонземски дизајн кој би можел да се користи во развојот и градбата на големи и отпорни системи на Министерството за одбрана.

- Advertisement -

Од компаниите кои ќе предлагаат технологии кои DARPA може да ги избере за својот проект се бараат идеи за дизајн на систем кој ќе биде толку ефикасен што ќе може да се гради само надвор од Земјата и со опции кои ќе овозможуваат издржување маневри, оштетувања и термички циклуси типични за вселенската и Месечевата околина.

НАСА секако и долгорочни планови за Месечината и после завршувањето на мисијата Artemis. Имено, размислуваат за развој на некои видови сместување на нашиот сателит во кој би можеле да престојуваат астронаутите на краток период. Нивниот развој, се разбира, би бил голем предизвик, но во иднина од НАСА се надеваат дека Месечината ќе стане почетна точка за понатамошни истржувања на вселената, но и за нови мисии на други планети.

- Advertisement -

(The Independent)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -