Игор Добросављевиќ: На македонските фирми им нудиме бесплатна менторска поддршка од германски експерти!

- Advertisement -

Senior Experten Service (SES) Bonn или „Фондација на германската индустрија за интернационална соработка“ (Foundation of German Industry for International Cooperation) е водечка волонтерска организација со експерти, ментори, менаџери, извршни директори  со седиште во Бон, С.Р. Германија. Мотото на Фондацијата е: „Да им помогнеме на луѓето за да си помогнат себеси“. Во текот на своето долгогодишно постоење (oд 1983 до денес), SES Германија има реализирано повеќе од 60.000 проекти низ целиот свет.

За работата на оваа Фондација во нашата земја разговаравме со претставникот за Македонија, Игор Добросављевиќ. Тој го нагласува моментот дека Фондацијата располага со повеќе од 12,000 експерти од С.Р. Германија кои нудат најразлични типови на експертиза и менторства (на волонтерска основа) за македонски компании.

- Advertisement -

“SES Гемранија е присутна повеќе од  20 години во С. Македонија и морам да напоменам дека досега сме имале доста успешни соработки со наши компании од прехранбенатa, металo-преработувачката, автомобилската  фармацeвтската, текстилната, градежнaтa,  ИТ индустријата, и.т.н., a од 2020 година започнавме да нудиме поддршка и на стартап команиите“, нагласува Добросављевиќ.

Разговараше – Сања Наумовска

- Advertisement -

Каков тип на експертиза и менторство можат да добијат македонските стартапи и компании преку вашата организација?

Идејата на SES e да им помогнат  на македонските  компании со know-how koj ќе обезбеди  нови вработувања, нови продукти и услуги, како и  побрз развој на македонската економија.

- Advertisement -

Во принцип секоја македонска компанија која што има потреба од дополнителна експертиза, особено на тематики кои се специфични, или сеуште недоволно развиени во Македонија, може да добие експертска помош преку нашата SES програма.

Ангажманот на ескпертите во компаниите е разновиден. На пример некои од проектите кои сме ги реализирале се однесуваат на  изработка на go-to-market стратегии за нови пазари, лоцирање на нови добавувачи, асистирање при продажба на специфични производи како компјутерски софтвер, итн.  Неретко експертите работат на проект кој претставува нова услуга или продукт во компанијата како, на пример, експерт технолог за производството на македонски био-продукти,  итн… Исто така SES нуди други типoви  на помош како:  обуки/тренинзи  за специјализација на кадарот или одреден тим/човек, или пак специфична поддршка во други области.

Има ли финансиски трошоци за македонските компании што сакаат да имаат германски експерти и ментори?

Поголем дел од финансиските трошоци ќе бидат покриени под услов компаниите да се локални, односно во доминантна македонска сопственост.  Компании со доминантно ЕУ капитал и други странски компании имаат право на експерти, но мора да ги сносат комплетните трошоци за експертот.

За да знаеме дека има посветеност и сериозност за проектот од двете страни, и да се избегне користење на услуги само затоа што се бесплатни,  идејата е мал дел од трошоците да ги покрие и македонската фирма.  Останатите трошоци се покриени од нашата фондација, односно преку средства од Федералното Министерство за економска соработка и развој на С.Р. Германија.

Кои  услови треба да ги исполнат нашите стартапи и компании за да добијат експертиза преку SES? Дали треба да се од некоја одредена индустрија или да се во некоја фаза од развојот и сл?

Првиот услов како што напоменав е компаниите да се македонски, со цел поголемиот дел од трошоците да бидат покриени од наша страна.

Друг услов е компаниите да постојат повеќе од две години. За стартапите (фирми што постојат помалку од 2 години) има посебен процес на аплицирање. За сите детали заинтересираните може слободно да ме контактираат на  i.dobrosavljevic@rep.ses-bonn.de

Кажете ни детали за процесот на аплицирање?

Процесот на аплицирање е едноставен, меѓутоа може да трае подолго време. Експертите/менторите поради нивното големо искуство се доста барани и имаат прилично полна агенда. Затоа е важно компаниите навремено да аплицираат за да може да го добијат експертот, односно менторот на посакуваните дати.

Во врска со процесот, се пополнува барање за експерт кое е необврзувачко. Потоа работата е на наша страна, односно почнува барање на потенцијални експерт/и што може да потрае и до 4 месеци, зависно од индустрија, периодот на година, итн. Следен чекор е разговор на потенцијалните експерт/и со фирмата, каде што уште еднаш ќе се разменат очекувањата и ќе се дефинира термин за доаѓање на експертот во фирмата.

Се одлучуваат ли лесно нашите компании за поддршка од надвор? Дали може да наведете позитивни примери од досегашни соработки? 

Мислам дека ова зависи пред сè од корпоративната култура на компанијата, колку се спремни компаниите да растат и да учат, за нивната организација да го „искористат“ потенцијалот од експертот, итн. Има компании кои сами нè контактираат, и компании кои брзо се одлучуваат, а има и компании кои не може да се одлучат или едноставно немаат визија како ова знаење би им користело. Како еден од позитивните  примери би ја навел скопската IT компанија System for Enterprise, која ангажираше двајца експерти на две различни проекти.

Од друга страна, самите експерти се задоволни се од ентузијазмот и работната култура на компаниите, а и од „топлиот“ пречек и отворената култура кај нас. Многумина и се изненадени како компаниите посветуваат дел од своето приватно време да поминат со експертите за викенди, или пак подготвеноста да им покажат други градови за викендот како Охрид и итн. 

Стефан Митески од IT фирма System for Enterprise како основач и извршен директор на System4Enterprise го сподели своето искуство:
Јас неколкукратно ги користев услугите на оваа програма и сум презадоволен.  

Thomas Walenta моментален член на бордот на директори во PMI Institute ни гостуваше неколку недели и ни даваше совети и насоки како да го равиваме софтверот за продуктивност и тимска колаборација. Тој го согледа нашиот начин на работа и добивме многу квалитетни согледувања кои што со негова помош ја подобривме работата на компанијата.

Herbert Wenk е повеќегодишен директор за маркетинг на HP (Hewlett Packard) во Германија ни беше гостин во два наврати и со него работевме на маркетинг стратегијата. Тој остана мој драг пријател и до ден денес се слушаме и го сметам за личен ментор.
Имавме и гости со кои што работевме продажба и развој на продажни канали.

Сè на сè програмата ми даде можност да се советувам со луѓе кои што се експерти кои што биле на врвни раководни места во водечки компании во Германија и тоа искуство го сметам за своевидна менаџерска школа.

Сподели!
- Advertisement -