Европа до крајот на летото ќе ги вакцинира сите кои сакаат

- Advertisement -

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, изјави дека нема потреба за нови вакцини и дека Европа планира да ги вакцинира сите кои сакаат да се вакцинираат до крајот на летото. Тој за француската телевизија BFM изјави дека нема потреба за нови вакцини, освен веќе планираните за Европа.

Европската агенција за лекови досега има одобрено три вакцини во Европската унија и тоа вакцините на BioNTech/Pfizer, на американската компанија Moderna и на шведско-британската AstraZenecа и на Оксфорд. Се очекува дека агенцијата за лекови до март ќе ја одобри и вакцината на американската компанија Johnson & Johnson.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -