Околу 85 отсто од компаниите се подготвени да примаат ученици на практична настава

- Advertisement -

Кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука попладнево беше промовирана на регионална средба во Берово, каде што покрај од оваа општина присуствуваа градоначалниците и претставници на компании и училишта од Делчево, Пехчево и Македонска Каменица.

Целта на консултациите е да се утврди потреба од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта од идната учебна година, односно да се дизајнираат наставните програми и уписните политики според барањата на пазарот на трудот.

- Advertisement -

Министерката Мила Царовска по средбата изјави дека очекува од 2021/2022 да се отворат повеќе дуални паралелки, посочувајќи дека модуларното средно стручно дава можност за комбинирање неколку профили во една паралелка. Посочи и дека МОН и натаму ќе обезбедува стипендии за техничките науки за учениците да се стимулираат да се определат за  стручното образование.

За компетентен кадар е клучна соработката помеѓу средните стручни училишта и реалниот сектор. Компаниите се подготвени да ги отворат вратите за практична настава на учениците бидејќи, како што соопшти министерката, 85 отсто од 450 анкетирани низ целата држава одговориле позитивно.

- Advertisement -

– Учениците добиваат феријална пракса со што одблизу се запознаваат со дејноста и струката која ја изучуваат, додека компаниите имаат можност да регрутираат кадар, по завршување на средното образование и со тоа да овозможат непречен развој на производството и усугите, а со тоа да придонесат и за намалување на невработеноста во земјата, истакна Царовска по средбата.

Иницијативата ја поздравија градоначалниците на четирите општини кои беа опфатени со консултативната средба. Во општината Берово има три стручни насоки – угостителско-туристичка, дрвопреработувачка и текстило-кожарска. Градоначалникот-домаќин на оваа средба Звонко Пекевски рече дека најголем интерес во изминатите години има за угостотелската струка, каде што се запишани 84 ученици во четири класови.

- Advertisement -

Тие се веќе на располагање на работодавачите во таа сфера, додаде градоначалникот, со што ќе се постигне и повисоко ниво на тузримот во општината.

Кампањата за предностите на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, која МОН ја почна овој месец,  денеска беше промовирана и во Кочани, каде што присуствуваа претставници и од општина Виница

Сподели!
- Advertisement -