Годинава во Загреб стартуваше со работа инкубатор посветен на стартапи кои развиваат идеи на полето на вештачката интелигенција, машинското учење и напредната аналитика.
Во инкубаторот веќе има доста тимови. Во моментот има седум кои се примени во процес на инкубација, од кои шест се хрватски, а еден е индиски. Тоа е интересен момент затоа што целта на инкубаторот е да стане меѓународен AI инкубатор, вели раководителот на инкубаторот, Жељко Кризманиќ.
Едне од тимовите се занимава со барање ензими со помош на вештачка интелигенција кои можат да се користат на полето на фармаветската или прехранбената индустрија. Потоа има еден тим кој се обидува да помогне или да ги спречи кардиваскуларните болести. На принцип на собирање сензорски податоци од телата тие прават еден систем на 3Д моделирање кој е попрецизен дури и од ЕКГ, а потоа на база на тоа даваат предвидувања или податоци, аналитика кога може да се случи нешто или како да се спречи, како и кога е опасноста од срцев удар, додава Кризманиќ.
Во работата на младите стартапи инкубаторот служи како мост од фазата идеја до целосниот производ под водство на ментори.
„Стартапот секогаш може да ескалира, небото е граница. Затоа ние имаме правило од некои 6 месеци, тоа е некој наш систем со кој сакаме да помогнеме на некој стартап да развие функционален производ подготвен за на пазар“ додава Кризманиќ.
Стартапите во иновацискиот центар најмногу размислуваат за органски раст затоа што во Хрватска нема доволно такви инвеститори за да се потпираат на такви инвестиции. Во склоп на центарот има и т.н. Сина канцеларија, која служи како претприемнички центар каде што на едно место може да се добијат сите информации потребни за некој што сака да влезе во светот на претприемништвото.
(Zimo)
(фото: Flickr)