SpaceX сака да овозможи вселенски интернет во камионите, бродовите и во авионите

- Advertisement -

Компанијата SpaceX бара дозвола од регулаторите да овозможи поврзување на возилата, камионите, бродовите и авионите со својот вселенски интернет Starlink. SpaceX во петокот побара дозвола од Федералната комисија за комуникации, а тоа досега е најголемиот чекор на компанијата кон остварување на целта – поврзување на Starlink со автомобилскиот сектор. Со тоа би ја прошириле моменталната понуда за интернет во руралнтие средини.

Патничките автомобили ќе мора да почекаат да бидат вклучени затоа што моментално терминалот е преголем, што го потврди и самиот основач и директор на компаниите , Илон Маск. Маск додаде дека поврзувањето со Starlink во овој случај е наменето за авионите, бродовите, големите камиони и камперите.

- Advertisement -

SpaceX моментално во вселената има повеќе од 1.000 сателити кои ја сочинуваат мрежата Starlink, а околу 10.000 корисници веќе го користат вселенскиот интеенет во рамките на бета програмата наменета за руралните делови од САД кои имаат мала или никаква поврзаност на интернет. Опремата на Starlink со антена и рутер чини 499 долари, додека цената на месечната претплата изнесува 99 долари. Брзината на интернетот се движи од 70 до 130 Mbps.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -