Ново истражување откри дека повеќе од 20,5 милиони години живот се изгубени поради прераните смртни случаи како последица на КОВИД-19. За да ги пресметаат изгубените животи истражувачите ја споредувале возраста на луѓето со животен век. Кога човек умрел прерано, разликата меѓу тие две вредности се смета за години изгубени како последица на пандемијата.
Луѓето постари од 75 години се една четвртина од животите кои се изгубени во пандемијата на корона вирусот. Мажите изгубиле повеќе години живот отколку жените. Глобално, просечниот човек живее околу 73 години, но пандемијата скрати повеќе од 1 милион животи, покажа новата студија.
Резултатите беа објавени во списанието Scientific Reports и покажуваат дека повеќе од просечно секој човек што умрел од корона вирусот изгубил по 16 години живот. Речиси 455 од тие што умреле прерано биле на возраст од 55 до 75 години. Луѓето постари од 75 години се 25% од вкупната бројка, каде што имало и најмногу починати од корона вирусот. Тие помлади од 55 години се околу 30% од вкупно изгубените години живот како последица на КОВИД-19.
Истражувачите предупредуваат дека овие резултати треба да ја подигнат свеста дека политиките за јавното здравје треба да ги заштита и младите луѓе за време на пандемии. Тие посочуваат и дека земјите треба да обрнат повеќе внимание на намалувањето на смртните случаи кај машкиот пол, каде што смртноста е поголема отколку кај женскиот пол.
(Business Insider)
(фото: Pixabay)