Русија и Кина потпишаа договор за заедничко освојување на Месечината

- Advertisement -

Американците имаат големи планови за освојување на вселената, а тие превенствено се врзани за враќање на Месечината. Вселенски брод со екипаж, вклучувајќи ја и првата жена која треба да оди по површината на Земјиниот сателит, веќе за три години треба да полета од САД во првото освујување на Месечината уште од почетокот на 70-тите години. Се разбира, дотогаш се може да се смени и можное да се одложи мисијата Artemis, но Месечината повторно е во центарот на американските вселенски планови.

Но, не е само во центарот на плановите на НАСА и САД, туку слични планови имаат и конкурентите – Русија и Кина. Вселенските агенции на тие земји неделава потпишаа договр за соработка на исработката на меѓународни лунарни научни станици. Целта е основање на станица на површината на Месечината во која астронаути и научници ќе можат да живеат и да вршат истражувања.Исто така, освен станици на самата Месечина, се размислува и за посебна лунарна станица која би кружела околу неа.

- Advertisement -

Деталите не се познати и јасно е дека тешко можеме да очекуваме дека лунарната станица ќе биде готова оваа деценија. Русите и Кинезите не сакаат да бидат осамени во овој проект и повикаа и други држави да им се придружат. Инаку, САД минатата година повикаа и други земји да потпишат меѓународен договор за соработка за истражување и експлоатација на Месечината, Artemis Accords. Меѓу партнерите кои го потпишаа се и Јапонија, Велика Британија, Австралија, Канада и други земји, но не и Русија и Кина.

(Ars Technica)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -