Nokia планира намалување на 10.000 работни места

- Advertisement -

Финската мултинационална комуникациска корпорација Nokia денеска соопшти дека планира затворање од 5.000 до 10.000 работни места во следните две години со цел да ги намали трошоците и да ги зголеми инвестициите во истражувачки активности.

Компанијата во соопштението наведува дека очекува трошоците за реструктурирање и други трошоци да изнесуваат 600 до 700 милиони евра до 2023 година.

- Advertisement -

Истовремено, Nokia очекува дека реструктурирањето на основата на трошоците ќе се намали за околу 600 милиони евра до крајот на 2023 година и предвидува дека половина од заштедите ќе бидат реализирани оваа година.

Тие заштеди треба да ги надоместат зголемените инвестиции во истражувањето и развој и идниот капацитет, како и трошоците поврзани со растот на платите, додаде компанијата.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -